Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на владата ја претвори државата во еколошка катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на владата ја претвори државата во еколошка катастрофа

Неспособноста и неажурноста на СДС ја претворија Македонија во една голема еколошка катастрофа, со пожари на секој чекор, каде веќе почнаа да горат и куќи и каде горат и по неколкудецениски дрвја кои се белите дробови на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во него се додава дека Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари, кои поради нивната неажурност и ненавремена интервенција за локализација, прераснаа во вистинска опасност за жителите на Поречието.

„Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат толку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаа совест да им помогнат. Горат куќи, имот и огромни шумски површини кои создаваат огромно количество кислород и се неопходни за квалитетен и чист воздух. Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а владата на Заев со прст не мрднува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.