Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини го погребаа граѓанскиот сектор

ВМРО-ДПМНЕ: Милчин и неговите невладини го погребаа граѓанскиот сектор

СДСМ, Сорос и нивните мегафони молчат за донацијата од 118.000 денари кои невработениот студент Ивана Туфегџиќ му ги даде на аболираниот криминалец Зоран Заев и за донацијата од 184.000 денари кои соросовиот платеник Павле Богоевски ги донираше на сметка на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Туфегџиќ парите во висина од 40 студентски стипендии наместо да ги донира кон граѓански организации, ги донираше на политичката партија за чиј интерес се претставуваше како студентски активист и дел од платеничката насилна шарада на СДСМ/Сорос. Богоевски на улица се шеташе со уста полна со термини како правда и независно граѓанство, а парите ги даде на аболираниот криминалец за чиј интерес демолираше и уништуваше споменици. Како заслуга за вандализмот во служба на СДСМ/Сорос се најде на нивната пратеничка листа“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владе Милчин и неговите невладини го погребале граѓанскиот сектор во Република Македонија, ставајќи го во потполна служба на СДСМ.

Според партијата, на Македонија и е неопходен процесот на десоросоизација, после кој на површина ќе останат само вистинските здруженија и организации кои ќе се борат за интересите на граѓаните.