Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе предложиме Иванов да ја преиспита одлуката за помилување

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе предложи четирите најголеми политички партии до претседателот Ѓорге Иванов да испратат писмо во кое ќе побараат тој да ја преиспита одлуката за помилување.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека одлуката на Иванов не е во согласност со заложбите на нивната партија.

„Нашиот став е јасен, секој што направил криминал треба да одговара. Од овие причини, ние денеска ќе предложиме да се испрати писмо до претседателот Ѓорге Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки. Во текот на денот ќе стапиме во контакт со другите три партии и ќе им го понудиме нашиот предлог“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.