Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја продолжиме соработката со амбасадорите – пријатели на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја продолжиме соработката со амбасадорите – пријатели на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачува дека не е против амбасадорите, „туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и дјствуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните“.

„Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на Сорос не треба да стравуваат, ВМРО-ДПМНЕ не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните“, вели партијата, порачувајќи дека е „гласот на 455.000 граѓани“.

Партијата порачува дека нејзина цел остануваат членството во ЕУ, НАТО и почитување на Декларацијата за стратешко партнерство со САД во 2008 година“.