Македонија ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира четири раскрсници и ќе протестира пред затворот „Шутка“

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира четири раскрсници и ќе протестира пред затворот „Шутка“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави блокада на четири раскрсници и протест пред Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Блокадата ќе има кај „Мавровка“ од 15 до 17 часот, на раскрсницата пред „Нова Македонија“ кај Делегацијата на ЕУ од 15.30 до 17.30 часот, на раскрсницата пред Црвен Крст од 15.30 до 17.30 часот и на раскрсницата кај Соборна Црква од 15.30 до 17.30 часот.

Денешниот протест против одлуката за притворањето на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои се и шестмина пратеници на опозициската партија ќе биде во 18 часот пред Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари каде партијата најави и обраќања пред присутните.