Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Павлопулос за името на државата

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува изјавата на Павлопулос за името на државата

Во отсуство на реакција на опозицијата и на државните институции, ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на грчкиот претседател поврзана со името на нашата држава, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

– Однесувањето на претседателот на Грција и давањето иритирачки, навредувачки и потценувачки пораки до македонскиот народ и држава очигледно е смислена стратегија за зголемување на конфликот помеѓу двете земји. И наместо да се реши спорот, тој се усложнува со измислување наводна опасност дека името го гледаат како закана по нивните граници – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во неа, исто така, се додава дека „изјавите кои наликуваат на оние во раните деведесетти години од минатиот век нема да нè однесат кон решение на проблемот, туку ќе нè вратат токму таму, во 1991 година“.