Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги препознаваат разликите – Заев нема иднина

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги препознаваат разликите – Заев нема иднина

Додека ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата креирана и наметната од СДС напорно работеше на подобрување на животот на граѓаните, Зоран Заев со своето анти-државно и деструктивно однесување ги загрозуваше највисоките државни и национални интереси, понижувајќи го сопствениот македонски народ неколку пати по ред, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека граѓаните ги препознаваат разликите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека, како што наведуваат, „деструктивно однесување, насочено против граѓаните и државата, нема да трае“ и дека Зоран Заев нема иднина.

Во соопштението потсетуваат дека вчера е потпишан договор за изградба на Клинички центар во Скопје, дека е почната исплатата на субвенциите за земјоделците, дека во тек е изградба на патишта во повеќе делови на земјата, а за утре го најавија отворањето на новата зграда на Македонската Филхармонија.