Главна секција ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

ВМРО-ДПМНЕ како предлог за министер за внатрешни работи го кандидира Наќе Чулев, долгогодишен професионалец во областа на безбедноста дел од Агенција за разузнавање, соопштија од партијата.

Во соопштението се вели дека Наќе Чулев е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

„Наќе Чулев е долгогодишен професионалец и одличен познавач на безбедносните прашања и ново лице во политиката. Работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во Агенцијата за разузнавање. Чулев е и редовен предавач на Дипломатската академија на МНР. Во периодот од 2013 до 2017 година бил директор на Агенцијата за разузнавање. Од 2017 до 2019 генерален помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање. Воедно во 2017 година бил и предавач на Академијата за судии и јавни обвинители. Работел и како советник во Агенцијата, а бил и прв секретар во амбасадата на Република Македонија во Анкара Турција од 2003 до 2007 година“, се вели во соопштението.