петок, 16 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Наќе Чулев | 26 резултати

Чулев: Денешните избори поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

15 јули 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев оцени дека денешните парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера. Според него, тоа е уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои постапиле одговорно, бескомпромисно и неселективно согласно законските надлежности. Чулев додаде дека биле […]

МВР распиша потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски

14 јули 2020

МВР распиша национална потерница по поранешниот претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски на кој му е одреден 30-дневен притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет и му се суди за кривичното дело “злоупотреба на службената положба и овластување”. „Судот до Секторот за внатрешни работи во Велес достави наредба […]

Чулев: Не сум на пратеничка листа па да го кршам законот со користење на службено возило

30 јуни 2020

По објавувањето на фотографии од министерот за внатрешни работи работи, Наќе Чулев, кој на средби со граѓаните заминал со службеното возило и полициска придружба на две други возила, во јавноста беа изнесени информации дека со тоа го прекршил законот и ја злоупотребил позицијата. Чулев негира дека го прекршил законот, а како што изјави денеска во […]

Контраспин: „Храбрејќи ги колегите“, Чулев МВР го претвора во „МВРО-ВМРО“

29 јуни 2020

Доколку инспектори од МВР, „охрабрени“ од Чулев, започнат со повикување или приведување во текот на избoрната кампања сами, без ОЈО, на политичари од главните партии, тоа ќе значи директно вмешување на МВР во изборниот процес, по теркот на „МВР-ВМРО“ од времето на владеењето на Никола Груевски. Тоа ќе доведе и до подeлба на вработените, на […]

Мицкоски не дојде на распит во „Беко“, советникот на Чулев, Љупчо Андоновски презема одговорност за „Боемска“

29 јуни 2020

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше повикан на распит во полициската станица „Центар“, но тој не се појавил на разговорот. Наместо него, на распитот се појавил негов правен застапник. За разлика од Мицкоски, поранешниот директор на УБК и актуелен советник на министерот Наќе Чулев, Љупчо Андоновски се појави во „Беко“ и на распитот изјавил […]

Контраспин: Мицкоски дава изјави како во „најдобрите“ денови од комунизмот

23 јуни 2020

Зошто Мицкоски си дозволува да спинува за инцидентот со дуќанот на Мисајловски? Затоа што традицијата на ВМРО-ДПМНЕ, за жал и на другите партии во земјава, говори дека во предизборна кампања може сè и сешто да се каже. Но тоа е, сепак, спин. Исто како што би било спин да се каже дека „врз основа на индиции, […]

Министерот Чулев негира дека МВР го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

22 мај 2020

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска од Струмица коментираше дека ниту тој, ниту пак до МВР, има доставено пријава за следење или прислушкување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше одговор на прашањето за коментар на тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој во телевизиско гостување рече дека има сериозни докази дека врвот на […]

ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

8 мај 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот на полицијата. „Обезбедувањето на министерот прекршувајќи го Кодексот на однесување на […]

Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

28 февруари 2020

Заменската министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска најави дека проблемот со недостиг на обрасци за пасош веќе се решава. „Првата пратка очекуваме на шести март да биде испорачана и на тој начин ќе почнеме да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, рече Петровска. При престојот денеска во СВР Штип, Петровска […]

Новите пасоши – нова (погрешна) нервоза во Грција околу името

25 февруари 2020

Грчкиот портал newsbreak.gr објави текст во кој, почнувајќи од насловот, се демонстрира голема нервоза поради тоа што новата пратка од 100.000 обрасци за македонски пасоши која се очекува кон крајот на март ќе биде од „старите“, односно на нив ќе пишува „Република Македонија“, а не „Република Северна Македонија“. Притоа се тврди дека е тоа спротивно […]

Чулев и Спасовски си ја префрлаат одговорноста за пасошите, проблемот останува

20 февруари 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, го повика техничкиот премиер Оливер Спасовски да свика влаадина седница за да се реши проблемот со пасошите. Тој предлага Владата да усвои методологија со која, со печат и со испраќање нота до државите во светот, ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови […]

Чулев: Пасоши ќе добијат граѓаните кои закажале по итна постапка и за здравствени цели

18 февруари 2020

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на прес-конференција информираше дека МВР располага само со уште 3.600 до 3.700 обрасци за патни исправи. Пасоши ќе добијат околу 650 лица кои што аплицирале за добивање на патна исправа по итна постапка, а останатите ќе се чуваат за приоритетни медицински случаи. Чулев информираше дека досега во […]

Чулев: Се трага по уште еден администратор на „Јавна соба“, ќе се покренат кривични пријави

30 јануари 2020

Заврши разговорот со организаторот на затворената група „Јавна соба“, каде се споделуваа интимни фотографии и видеа, како и со еден од администраторите, а по друг администратор се трага, изјави техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, при посетата на Штип. -По еден од администраторите на групата интензивно се трага. Останува деновиве да се покренат и […]

Контраспин: Ако началник на СВР Скопје нема врска со изборите, тогаш кој има?

16 јануари 2020

Ставот на Државната изборна комисија дека не е надлежна за прашањето околу несогласувањето кој да биде началник на СВР Скопје, бидејќи тоа прашање не било поврзано со организација на изборите, е спин, т.е. извртување на вистината, пишува „Вистиномер.мк“. Тие се повикуваат на Законот за Влада и го цитираат член 46, во чиј став 3 се […]

Чулев го запозна Која со заложбите на МВР за организирање на фер и демократски избори

14 јануари 2020

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ амбасадор Клеменс Која. Од МВР информираат дека на средбата, амбасадорот Која бил запознат со заложбите на Министерството за внатрешни работи за организирањето фер и демократски избори и активностите на полицијата во таа насока. „Чулев побара поддршка од Мисијата на ОБСЕ […]

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

10 јануари 2020

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на […]

По смените во СВР Штип од претходниот министер, се очекуваат нови назначувања од Чулев

9 јануари 2020

Во последните денови од министерувањето на Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, тој направи две клучни смени – на врвот на СВР Штип и на врвот на кочанската полиција, а сега во Штип на големо се шпекулира дека техничкиот министер на МВР, Наќе Чулев ќе го смени неодамна назначениот началник на СВР Штип и […]

СДСМ го прифаќа Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

2 јануари 2020

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи е прифатлив за СДСМ, соопштија од партијата. „Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми. Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице […]

ВМРО-ДПМНЕ го предложи Наќе Чулев за технички министер за внатрешни работи

2 јануари 2020

ВМРО-ДПМНЕ како предлог за министер за внатрешни работи го кандидира Наќе Чулев, долгогодишен професионалец во областа на безбедноста дел од Агенција за разузнавање, соопштија од партијата. Во соопштението се вели дека Наќе Чулев е дипломиран криминалист со постдипломски студии по мир и развој, на Институт за одбранбени и мировни студии, при Филозофски Факултет на Универзитетот […]

Иванов за шеф за разузнавање го именуваше специјалистот за психолошко војување Иванов

27 март 2017

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов денеска за нов директор на Агенцијата за разузнавање (АР) го именуваше Зоран Иванов, откако на досегашниот, Наќе Чулев, му истече мандатот, соопштија од кабинетот на Иванов. Зоран Иванов досега ја извршувал функцијата началник на военото разузнавање во рамките на службата за воена безбедност и разузнавање. „Тој е професионален кадар на […]

Страна 1 од 2