Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги осуди посмртните фотографии на амбасадорите објавени на интернет

ВМРО-ДПМНЕ ги осуди посмртните фотографии на амбасадорите објавени на интернет

ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето и ширењето некролози за амбасадорите и на дипломатите од неколку земји. Од партијата велат дека ваквиот акт е целосно неприфатлив и недозволен и дека во иднина мора да сопре.

„ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза на новинари блиски до СДСМ, кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата. Јавното повикување на ликвидација на претседателот Груевски е знак на немоќ на аболираниот криминалец Зоран Заев изразен преку новинарите и порталите диригирани од Бихаќка. Срамниот текст „Може ли Груевски да биде убиен!?“ објавен на „Плусинфо“ ги отсликува намерите на аболираниот Заев за провоцирање нови инциденти и пролонгирање на кризата“, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки.