Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Единствената деструктивна партија во Македонија е СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Единствената деструктивна партија во Македонија е СДСМ

Бојкотот на институциите е последниот демократски механизам кога власта ја има погазено правната држава, а затворите се преполни со политички затвореници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствената деструктивна партија на македонската политичка сцена е СДСМ.

„Проекти во полза на граѓаните нема. Буџетот и народните пари безмилосно се трошат само за да се задоволат расипничките потреби на партиските кадри. Единствено нешто на кое што работат е целосна партизација на сите нивоа, не водејќи сметка ниту за интересите на децата во градинките и училиштата во Аеродром“, стои во реакцијата.

Од опозициската партија велат дека СДСМ „за да ја покрие сопствената неспособност и расипништво“, политички гони и притвора патриоти, обидувајќи се да замолкне секаква критика за „нивното антидржавно однесување“.