fbpx

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром бегаат од работа, а земаат плата

-

Бојкотот, деструкцијата и дејствувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува во Собранието, опозициската партија ги пренесува и на локално ниво, велат од владејачката СДСМ.

„Веќе втор пат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат седницата на Советот на Општина Аеродром, веднаш откако ќе се усвои дневниот ред. Изговорот е дека одбиваат да ја вршат својата работа заради правните процеси започнати од надлежните институции за насилствата во Собранието на 27 април. Меѓутоа, пред да заминат, советниците од ВМРО-ДПМНЕ редовно го подигнуваат својот паушал. Толку од лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението на СДСМ.

Оттаму велта дека со ваквото однесување советниците од ВМРО-ДПМНЕ, исто како и пратениците од нивната партија, покажуваат дека воопшто не им се важни интересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку дека единствено се грижат за своите џебови.

„Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не работат за граѓаните на општина Аеродром туку за себе и за партијата. СДСМ нема да дозволи ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ да биде на штета на граѓаните“, порачуваат од владејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...