Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Довербата кон граѓаните ја црпи од легитимно добиените избори

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата кон граѓаните ја црпи од легитимно добиените избори

ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија која се грижи за своите граѓани и која довербата кон граѓаните ја црпи од легитимно добиените избори и како таква резултира со многубројни мега-проекти кои ги ветивме и веќе се реализираат, стои во редовното утринско соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ реализираше проекти за добробитот на граѓаните, Зоран Заев единствено ги следеше стапките и наредбите на своите ментори. Единствената цел на Зоран Заев изминатиов период е разнебитување на државата и поткопување на уставниот поредок“, се вели во соопштението.

Од партијата истакнуваат дека понатака ќе остане во функција на граѓаните, штитејќи ги нивните национални, граѓански и локални интереси.

„Разликите помеѓу посветеното работење на ВМРО-ДПМНЕ и анти-државното делување на СДС се дијаметрални и евидентни. Затоа СДС и Зоран Заев на наредните избори ќе доживеат катастрофален пораз“, велат од партијата“, се вели во соопштението.