Македонија ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува на притисоците на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: ДИК да не подлегнува на притисоците на СДСМ

Државната изборна комисија (ДИК) не смее да дозволи да подлегне под притисоците на СДСМ и нејзина должност е да ги спроведе локалните референдуми за мигрантите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Во спротивно, додаваат од партијата, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, и сите членови кои ќе гласаат против спроведувањето на референдумите ќе одговараат кривично.

– СДС ги контролира сите државни апарати и се обидува на секој начин да го спречи демократското право за спроведувањето референдум за прашањата што ги засегаат граѓаните. ДИК мора да ги распише референдумите во повеќе од 10 општини низ цела Македонија кои ги собраа потребните потписи за распишување референдум, на кои граѓаните ќе се изјаснат дали се за или против населување мигранти во нивната општина – изјави денеска Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на ДИК.