Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Десоросоизацијата веќе почна и враќање нема

ВМРО-ДПМНЕ: Десоросоизацијата веќе почна и враќање нема

Хајката што по нивна нарачка против вистинскиот невладин сектор ја водат окупаторите и уништувачите на граѓанските иницијативи уште еднаш излезе на виделина поради невниманието на соросовите невладини јуришници во служба на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и Сорос праќаат меилови од иста адреса, во кои со тужби им се закануваат на сите што ќе се одважат да им опонираат на нивните тоталитарни начини на практицирање квазиграѓанство. Токму затоа граѓаните на 11 декември им кажаа „не“ во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека овој процес е неопходен за Македонија да се ослободи од злото што го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и да го земе под своја команда за да им слугува на Заев и на СДСМ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, десоросоизацијата веќе почнала и од тоа нема враќање.