Македонија ВМРО-ДПМНЕ бара референдум, парламентарни и претседателски избори истовремено

ВМРО-ДПМНЕ бара референдум, парламентарни и претседателски избори истовремено

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Иако премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната прослава по повод Денот на независноста – 8 Септември порача дека има време и до избори и за политиканство, денес опозициската ВМРО -ДПМНЕ се огласи со барање во ист ден да се организираат референдум, предвремени парламентарни, претседателски избори.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тројните избори ќе бидат вистинска можност државата целосно да тргне во нов правец кој ќе значи завршување на кризите и економски просперитет за сите граѓани.

Ковачевски на прославата на Денот на независноста: Сега не е време за избори и политикантство