Свет Властите во потрага по осомничените за нападот во Банкок

Властите во потрага по осомничените за нападот во Банкок

Тајландскиот премиер Прајут Чан-оча изјави дека локалните власти се во потрага по осомничените за бомбашкиот напад кој се случи вчера во Банкок, во кој загинаа 22 лица, а 140 се ранети.

– Ги прегледавме снимките од камерите за надзор и видовме неколку осомничени. Многу е јасно кои се бомбашите, но не можам сега да откривам премногу. Мора да ги најдеме – рече Прајут.

Експолозијата се случила околу 19 часот по локално време, во област исполнета со туристи, службеници и купувачи.

Прајут го оцени вчерашниот бомбашки напад како најлош во историјата на Тајланд, а се верува дека осомничените се од антивладина група од североисткот на Тајланд.

Полицијата наведе дека експлозијата на бомба се случила на раскрсница кај во бизнис и трустичкиот дел на градот во непосредна близина на хиндуистичко светилиште.

Министерот за одбрана Правит Вонгсувонг рекол дека на мета биле странци, за да се нанесе штета на туризмот кој е главната економска гранка во Тајланд.