Главна секција Владата за спорот со името ќе гради став со „сите релевантни политички...

Владата за спорот со името ќе гради став со „сите релевантни политички фактори“

Владата на Република Македонија работи на анализа и консултации за предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решение на прашањето за името, потврдија од Владата за државната новинска агенција МИА.

„Владата на Република Македонија веќе работи на анализата и консултациите во однос на рамката доставена од медијаторот Метју Нимиц. Во наредниов период ќе вложиме напори за што е можно по инклузивен процес со вклученост на сите релевантни политички фактори во земјава, а се во насока на градење заеднички приод, став и стратегија“, се наведува во изјавата од Владата за МИА.