Македонија Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

Владата повторно ги поништила актите на Ременски и на Спасовски

Владата повторно ги поништила одлуките на министрите од СДСМ, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски, на седница во четвртокот, информираат од секторот за односи со јавноста на Владата.

Како што пишува во соопштението, поништени се актите кои министрите ги донеле од 7 до 14 април.

– Актите се поништени бидејќи не се донесени во согласност со дополнителните заменици-министри и, според тоа, се спротивни на Законот за влада – пишува во соопштението.

Во интервју за телевизијата „24 Вести“, лидерот на опозицијата Зоран Заев потврди дека министрите повеќе не се појавувале на работните места бидејќи одењето на работа станало беспредметно.