Македонија Владата одобри изградба на грчка ко-генеративна електрана во Скопје

Владата одобри изградба на грчка ко-генеративна електрана во Скопје

Комбинираната електрана ТЕ-ТО Скопје | Фото: Мета.мк

На денешната 89-та владина седница, била донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје.

Како што соопшти владината служба за информирање, вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои од постројка за електрична енергија (со моќност 90-105 MW) и топлинска енергија (со моќност од 135-150 MW).

Годишното производство на електрична енергија се очекува да изнесува околу 1.150 GWh и околу 275 GWh топлинска енергија, коишто, се очекува да бидат испорачани во соодветните енергетски системи (МЕПСО и системот за пренос на топлина на Град Скопје).

Одлуката за доделување статус на стратешки инвестиционен проект за оваа грчка инвестиција е донесена според објавениот Јавен повик од Владата на Репувлика Северна Македонија, на 31.01.2022 година, соопштува владината служба.