Македонија Владата одобри 97,5 илјади евра за настраданите од пожарите во Австралија

Владата одобри 97,5 илјади евра за настраданите од пожарите во Австралија

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари (97,5 илјади евра) денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија.

Билансот од австралиската огнена тргедија досега се 23 мртви лица, изгорени шест милиони хектари шума, изгорени 1.500 домови, 500 милиони диви животни и птици, 3.000 грла добиток.