Свет Балкан Владата на Косово останува посветена на спроведување на сите договори

Владата на Косово останува посветена на спроведување на сите договори

Косовската влада останува посветена на спроведување на сите постигнати договори меѓу Косово и Србија, во посредништво на ЕУ.

Коментирајќи ја одлуката на уставниот суд за привремена суспензија на спогодбата за заедница на општините со српско мнозинство, владата преку соопштение изјави дека тоа е нормална процедура.

„Привремената мерка на уставниот суд е нормална постапка и со неа се суспендира спроведувањето на спогодбата за Општи принципи/ главните елементи на Заедницата на општини со српско мнозинство, во очекување на пресудата на уставниот суд“.

„За да се осигура усогласеност со уставот на Република Косово, втората точка од спогодбата предвидува претходни разгледување од уставниот суд“, се наведува во соопштението.

Уставниот суд вчера објасни сека оваа мерка важи до конечната одлука на судот.