Дописници Владата го донесе акциониот план за Охридскиот регион со кој ќе се...

Владата го донесе акциониот план за Охридскиот регион со кој ќе се имплементираат препораките на УНЕСКО

Владата на четвртата седница го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

„Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, се вели во соопштението на Влада.