Македонија Владата ги усвои предложените измени на Законот за спорт, ќе се носат...

Владата ги усвои предложените измени на Законот за спорт, ќе се носат по скратена постапка

Со предложените измени се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови

Photo by Markus Spiske on Unsplash

Владата на вчерашната седница го усвои Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за спорт што беше предложен од Министерството за правда.

Со предложените измени се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво и остварување на подобри резултати дома и на меѓународно ниво.

„Аналогно на измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка во делот на даночното намалување/поттикнување, во Законот за спортот се предвидува даночно поттикнување за спортските субјекти со воведување на ваучерски систем согласно кој точно ќе бидат утврдени надлежностите на спортските субјекти и органот на државната управа надлежен за работите од областа на спортот, како и самата процедура при издавање на ваучери“, велат од Министерството за правда.

Законот ќе се достави во Собранието, каде пратениците ќе го носат по скратена постапка.