Македонија Вкупно 1.147 суспектни и болни од ковид-19 се лекуваат низ болниците, има...

Вкупно 1.147 суспектни и болни од ковид-19 се лекуваат низ болниците, има околу 740 празни кревети

Фото: prilep.gov.mk

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 674 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупно 473 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 92 пациент позитивен и суспектен на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 31 пациент, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 79 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 75 пациенти, во Прилеп 68, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 73 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 20, Кавадарци 29, а во Гевгелија 12 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.147 и има околу 740 празни болнички кревети во ковид центрите.