Дописници „Визијата за Македонија“ на СДСМ презентирана пред тетовци

„Визијата за Македонија“ на СДСМ презентирана пред тетовци

Дел од програмата на СДСМ, „Визијата за Македонија“, синоќа беше презентирана пред тетовци. Се промовираше првиот столб од програмата, под име одговорна влада.

– Одговорна, значи отчетна и транспаретна влада. По 24 април, ќе се фокусираме најмногу на трошењето на парите, јавно ќе ги објавуваме месечните извештаи за приходите и за расходите, список на сите исплати кои ќе се вршат од буџетот. Ова се серија мерки, кои граѓаните ќе можат да ги дополнат со нивни предлози, за време на трибините и на дискусиите – изјави Мајранчо Николов од СДСМ.

Пратеникот од СДСМ, Стојко Пауновски, изјави дека како и досега, и за престојните предвремени избори, СДСМ целосно ќе ја изработи програмата, која ќе понуди визија за спас на државата.

Денеска во Скопје ќе бидат презентирани сите пет столба од програмата на СДСМ, „Визијата за Македонија“.