Економија „Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

„Виз ер“ воведува нова линија Скопје – Хановер

Нова линија Скопје – Хановер со два лета неделно, во вторник и во сабота, ќе воведе најголемата нискобуџетна компанија „Виз ер“ од 1 ноември годинава.

Со воведувањето на овој лет, „Виз ер“ ќе нуди вкупно 25 рути во 11 држави од двата македонски аеродрома, во Скопје и во Охрид, а аеродромот во Хановер е 124. во мрежата на оваа компанија.

Билетите се веќе во продажба на wizzair.com, по цена од 1.199 денари.