Економија „Виз ер“ воведе нова авиолинија Скопје – Будимпешта

„Виз ер“ воведе нова авиолинија Скопје – Будимпешта

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ ќе воведе нова линија од Скопје до Будимпешта од 2 април 2017 година.

Летовите ќе се одвиваат двапати неделно, во среда и во недела, а билетите веќе се ставени на продажба и можат да се резервираат.

Од „Виз ер“ велат дека Будимпешта е популарна дестинација како од бизнис-аспект, така и за туристите.

Притоа, македонските граѓани од таму ќе можат да летаат во други градови низ Европа.