Македонија Вицепремиерот Османи се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Вицепремиерот Османи се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана де Зулуета.

Османи истакнал дека посетата, која е пред локалните избори, претставува одлична можност да се применат клучните приоритети од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

– Владата веќе подготви план во кој посебно место имаат т.н. реформски приоритети на кои Владата ќе се посвети во наредните три месеци, т.е. токму пред одржување на локалните избори. Потребно е да покажеме дека имаме капацитет да спроведеме демократски и веродостојни избори, во согласност со меѓународните стандарди, што би било уште еден позитивен елемент за придвижување на земјата во процесот на европска интеграција – додаде Османи.

Османи и Де Зулуета изразиле задоволство и оптимизам од враќањето на земјата на европскиот пат и констатирале дека позитивната клима треба да се искористи за уште похрабар пристап кон исполнување на предвидените реформи, а со тоа да се забрзаат процесите на евроатлантската интеграција на Република Македонија.