Македонија Вицепремиерот Бесими во Брисел се сретна со Лајчак

Вицепремиерот Бесими во Брисел се сретна со Лајчак

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во Брисел се сретна со Мирослав Лајчак, заменик-претседател на Владата и министер за надворешни и за европски прашања на Република Словачка.

На средбата соговорниците разговарале за итните реформски приоритети на Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија, утврдени и со заклучоците на Советот на ЕУ, а особено била истакната важноста на исполнувањето на обврските од политичкиот договор.

„Во однос на актуелната состојба со мигрантите, вицепремиерот нагласи дека соработката во врска со мигрантската криза е од суштинско значење, бидејќи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, се транзитни рути за мигрантите и затоа е потребна и поддршката од Европската унија. На крајот на средбата двајцата соговорници се согласија за продлабочување на постојните добри билатерални односи во насока на размена на искуствата и на блиската соработка во области од заемен интерес“, информираат од кабинетот на вицепремиерот Бесими.