Македонија Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

Вицепремиерот Бесими и амбасадорката Оер потпишаа писмо за соработка

Заменик претседателот на Владата, Фатмир Бесими, и амбасадорката на Франција во земјава, Лоренс Оер, потпишаа писмо за зајакнување на техничката соработка помеѓу двете земји.

„Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, Бертранд Милет, во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, јакнење на институционалните капацитети, вклучувајќи ги ресорните министерства и управувањето на националните и регионалните ИПА-фондови, со фокус на проектите за видливост, инфраструктура и за интерконективност за целиот регион на Западен Балкан“, се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот.