Македонија Виршлите „Вуди“ повлечени од продажба, пронајдена бактеријата листерија моноцитогенес

Виршлите „Вуди“ повлечени од продажба, пронајдена бактеријата листерија моноцитогенес

Фото: АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе одлука за повлекување од продажба во земјава на пет серии од виршлите „Вуди“, бидејќи во нив било било утврдено присуство на бактерија листерија моноцитогенес (listeria мonocytogenes ST 155). Виршлите ќе бидат уништени, а агенцијата ги повикува потрошувачите да не ги консумираат виршлите од подолунаведените серии, односно да ги вратат на местото каде што ги купиле.

Табела: АХВ

За проблемот, агенцијата била известена од Италија, каде се наоѓа производителот.

Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се
наоѓаат 3.030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот.

Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица“ информира Агенцијата за храна и ветеринарство.

Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.