Хроника Виничанец осомничен за кражба во продавница за детска облека

Виничанец осомничен за кражба во продавница за детска облека

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против И.М. (22), осомничен дека ограбил продавница за детска облека, од која однел стока во вредност од околу 163.000 денари или околу 2.650 евра.

Според полицијата, осомничениот, кражбата за која се товари, ја извршил кон крајот на ноември минатата година. Тој, според полицијата, провалил во продавницата „Кит-кет“ во Виница, откако го скршил стаклото од влезната врата, а потоа пребарувал по полиците и однел поголемо количество текстилна стока.