Македонија Викендов жена пријавила напад од сопругот во семејната куќа

Викендов жена пријавила напад од сопругот во семејната куќа

Триесет и четири годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг во семејната куќа во с.Папрадишта. Нападот се случил во саботата на 18 април, за време на најдолгиот полициски час по повод продолжениот викенд за празникот Велигден.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Претходно, невладните организации предупредија дека е можно зголемување на ризикот за семејно и родово базирано насилство. Подоцна од Министерството за внатрешни работи информираа дека секој може да пријави насилство или било какво друго кривично дело за време на полицискиот час без да сноси последици за негово прекршување.

Оваа година е зголемен и бројот на поплаки поврзани со семејно насилство. Во периодот јануари  март минатата година овој број изнесувал 780, додека годинава е зголемен на 920.