Свет Балкан Викендов спасени 1.700 бегалци во Германија

Викендов спасени 1.700 бегалци во Германија

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека во текот на викендов пронашле тело на настрадано дете, старо меѓу три и пет години, на брегот на островот Кос.

Засега не е потврдено кога починало пронајденото дете.

За време на викендот се спасени 1.743 бегалци во 57 одвоени потраги и спасувачки операции.

Во операциите, кои траат од петокот наутро до денеска, од островите Самоса, Фармакониси, Кос и Мегисти, спасени се бегалци меѓу кои не се оние кои самостојно успеале да дојдат до брегот во преоптоварените гумени чамци.