Свет Балкан Виена и денес ќе биде престолнина на Западен Балкан

Виена и денес ќе биде престолнина на Западен Балкан

Во Виена вчера започна дводневната конференција за Западен Балкан, како продолжение на т.н. „берлински процес“, инициран минатата година од германската канцеларка Ангела Меркел.

Централниот настан треба да се одржи денес, а планирани се состаноци во врска со изградбата на патот Ниш-Подгорица-Драч како и работен појадок на министрите за економија во регионот.

Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Вајман, а за резултатите по завршувањето јавноста ќе ја информираат тој, германската канцеларка Ангела Меркел, високата претставничка за надворешна политика во ЕУ Федерика Могерини и, во име на регионот, српскиот премиер Александар Вучиќ.

Истовремено се одржуваат и состаноци на шефовите на дипломатиите и министрите за економија на државите од регионот и претставници од ЕУ.