Свет Балкан (Видео) Српскиот претседател Вучиќ се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

(Видео) Српскиот претседател Вучиќ се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“

Фото: Принтскрин од видео стрим на blic.rs

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ја прими вакцината против ковид-19. Како што јавуваат српските медиуми, Вучиќ се вакцинирал со вакцината на кинеската компанија „Синофарм“.

„Не почувствував ништо. Исто како да не сум примил“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател се вакцинираше во Здравствениот дом „д-р Верољуб Цакиќ“ Мајданпек.