Видео (ВИДЕО) Со велосипед постигнал брзина од 333 км/час

(ВИДЕО) Со велосипед постигнал брзина од 333 км/час

Трка меѓу велосипед со ракетен погон и Ферари

Швајцарскиот велосипедист Франсоа Жиси постави нов светски рекорд, возејќи со брзина од 333 километри на час. Жиси, кој е познат по тоа што вози необични велосипеди, се тркаше со „ферари F430“, но овојпат неговиот велосипед поседуваше ракетен погон.

Франсоа Жиси со својот велосипед на ракетен погон

Пред самиот потфат, велосипедот на Жиси мораше да мине низ повеќекратни безбедносни проверки. Со новата трка, Жиси успеа да го собори претходниот рекорд кој самиот го постави, возејќи со брзина од 285 километри на час.

Жиси вели дека нема да запре на оваа брзина, Тој тврди дека следниот чекор е да постигне брзина од 400 км/час за само две секунди, но додава дека за тоа ќе му биде потребен посилен велосипед, што претставува дополнителен трошок.