Македонија Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го...

[ВИДЕО] Пожарникар исчезнал при гаснење пожар во штипско, МВР и „Тигрите“ го пронашле

Пожарникарот бил лоциран на непристапен терен, по што спасувачкиот тим извел „крајно сложена акција“, соопштија од МВР

фото: Принтскрин од видео / Министерство за внатрешни работи

Денеска околу 12 часот и 30 минути, Министерството за внатрешни работи (МВР) добило известување од Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека е исчезнат пожарникар кој бил ангажиран во гаснење на пожар во штипското село Селце.

Како што соопшти полицијата, по добиеното известување, во потрага по пожарникарот се вклучиле хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици, како и алпинистички тим од специјалната антитерористичка единица „Тигар“ (САЕ Тигар).

Еден час подоцна, исчезнатиот пожарникар бил лоциран на непристапен терен, по што спасувачкиот тим извел „крајно сложена акција“.

Алпинистичката екипа на единицата „Тигар“ се спуштила со витло, а лицето било пренесено на безбедна локација.

МВР објави и видео од акцијата.