Свет Европа Видеоснимка од нападот врз францускиот весник „Шарли ебдо“

Видеоснимка од нападот врз францускиот весник „Шарли ебдо“

Видеозапис на кој е документиран нападот врз сатиричниот весник „Шарли ебдо“ објави „Франс 24“. Од прилогот се гледа како новинарите бегаат по покривот од зградата во која се наоѓа редакцијата на медиумот и се кријат од рафалите на напаѓачите.

Според досегашните информации, тројца напаѓачи со маски на лицата и со капи упаднале изутринава во париското седиште на весникот, вооружени со калашникови. „Би-Би-Си“ јавува дека убиле 12 лица, од кои двајца се полицајци, додека другите, најверојатно, новинари и членови на редакцијата на „Шарли ебдо“.

Во моментов трае потргата по напаѓачите и се утврдува билансот на убиствениот упад.

„Шарли ебдо“ е сатиричен француски неделник со левоориентирана идеологија. Весникот е илустриран и објавува карикатури и истражувачки стории, особено околу екстремната десница, католицизмот, исламизмот, политиката или околу културата.