Видео (ВИДЕО) Москва: Воен авион се урна крај училиште

(ВИДЕО) Москва: Воен авион се урна крај училиште

Руски воен авион „МИГ-29“ се урна за време на пробниот лет во близина на училиште надвор од Москва. Двајцата пилоти успеале да се катапултираат од авионот пред тој да се урне. И двајцата се хоспитализирани.

Авионот се урнал во близина на селото Чемодурово, југоисточно од Москва, за време на пробниот лет, кој бил вршен од Институтот за тест-летови на воената воздухопловна база Раменској, соопштија руските власти.