Видео (ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

(ВИДЕО) Хаваи: Лава од вулканот Килауе ја голтна првата куќа

Вулканската лава стигна до првите куќи во хавајскиот град Пахоа

Река лава, која со месеци се слева кон хавајскиот град Пахоа, ја уништи првата куќа, јавува „Би-Би-Си“.

– Вулканската лава запали куќа во градот Пахоа на Големиот остров. Куќата, за среќа, била празна и горела 45 минути – соопшти шефот на цивилната одбрана, Дерил Оливер.

Лавата која ја исфрла вулканот Килауе, пред две недели дојде до населбите, при што ги прекри гробиштата и два објекти. Повеќето жители се евакуирани или се подготвуваат да ги напуштаат домовите.

Властите на сопствениците на домовите им обезбедиле простување со своите домови. Тие им дозволиле дури и посета на куќите во моментите кога лавата ќе почне да ги голта