Видео (ВИДЕО) Бомбашки напад на иранската резидеција во Јемен

(ВИДЕО) Бомбашки напад на иранската резидеција во Јемен

Најмалку две лица утринава загинаа во силни експлозии на бомби во близина на резиденцијата на иранскиот амбасадор во главниот на Јемен, Сана, соопштија неименувани државни претставници.

И двете жртви биле припадници на обезбедувањето на резиденцијата на иранскиот амбасадор.

Судбината на амбасадорот, чија резиденција била мета на нападот, сè уште не е позната, јавуваат светските агенции.

Агенцијата наведува дека неколку околни згради се многу оштетени од силните детонации.