Спорт Веспрем го победи Вардар

Веспрем го победи Вардар

Вардар останува на второто место во групата Ц со седум поени

 

Вардар загуби од тимот на Веспрем со 24-23 во петтото коло од Лигата на шампиони. Унгарците признаа дека имале повеќе среќа на натпреварот кој беше изедначен до самиот финиш.

– Беше многу тешко да се добијат овие два бода, на крајот можеби имавме малку повеќе среќа. Мечот беше речичси готов за нас кога имаа пенал, но го промашија и ние го искористивме тоа. Овој меч го доби одбраната, одбраната е најважниот елемент во нашата игра. Нашата цел е да го освоиме првото место во групата и затоа оваа победа е многу важна за нас – изјави тренерот на Веспрем, Хуан Карлос Ортега.

Со оваа победа Веспрем има 10 бода и е на првото место во групата Ц, а Вардар остана на второто место со седум. Реваншот се игра в сабота, во Веспрем.