Хроника Верижен судир на автомобили, камион и автобус кај клучката Хиподром

Верижен судир на автомобили, камион и автобус кај клучката Хиподром

Во сообраќајна несреќа што утрово се случила пред клучката Хиподром во правец кон Велес, според првичните информации на полицијата, има повредено едно женско лице кое е пренесено на Ургентниот центар во Скопје.

Од МВР велат дека сообраќајката се случила помеѓу четири автомобили, од кои два со скопски регистерски таблички, еден со велешки и еден со прилепски таблички, со камион и автобус. Камионот имал охридски таблички, а автобусот скопски.

Сообраќајката во полиција била пријавена во 7.40 часот. Увидот уште не е завршен.

Сообраќајот на тој дел од патниот правец Скопје – Велес, односно кај клучка Хиподром се одвива отежнато. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.