Свет Европа Велика Британија: Уапсени седум осомничени терористи

Велика Британија: Уапсени седум осомничени терористи

Седум осомничени терористи се уапсени во Велика Британија, од кои пет во Велс, а двајца во Лондон, соопшти полицијата.

Велшката полиција соопшти дека петмината уапсени се осомничени за поддршка на забранети организации.

Во Лондон е уапсен 33-годишен маж, под сомневање за вмешаност во тероризам и 40-годишен маж под сомневање за посредување при вадење лажни документи.

Полицијата во Лондон соопшти дека апсењата се поврзани со претходни апсења на други петмина осомничени за тероризам.