Хроника Велешанец осомничен за разбојништво над сириски мигранти

Велешанец осомничен за разбојништво над сириски мигранти

Дваесет и четиригодишен велешанец е осомничен дека заедно со уште две засега непознати лица, во ноември минатата година, извршил разбојништво над тројца илегални мигранти од Сирија, информираат од полицијата.

Станува збор за К.Г. (24), против кој СВР Велес, во соработка со надлежното основно јавно обвинителство, поднел пријава за разбојништво.

Според полицијата, кон крајот на ноември минатата година, осомничениот, заедно со уште две лица, ги престретнале сириските државјани на железничката пруга Гевгелија – Велес. Им се заканиле со пиштол, а еден од разбојниците им наредил да легнат на земја, удирајќи ги со раце и со нозе по телата.

Разбојниците од мигрантите одзеле 600 евра и четири мобилни телефони.