Македонија Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек

Велес го прослави патронатот со отворање кружен тек

На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев

Деветти Ноември, денот на Општина Велес, беше одбележан со празнична програма која почна на самиот влез во Велес, од најстариот пат познат меѓу велешани како Штипско џаде. Денеска на оваа регионална сообраќајница во употреба беше пуштен новиот кружен тек со значително проширување на просторот и со зголемување на безбедноста.

На настанот присуствуваа и пратениците во Собранието на Република Македонија, Илија Димовски и Ѓорѓи Коџабашиев, заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, претседателот на Советот, Александар Колев, и членови на истиот, раководители на инстутиции од градот и останати граѓани, а кружниот тек во употреба свечено го пушти градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.