Македонија Вељаноски се сретна со белгиската амбасадорка

Вељаноски се сретна со белгиската амбасадорка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија за Македонија со седиште во Софија, Аник ван Калстер.

Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, двајцата соговорници изразија задоволство за остварената средба со желба за продлабочување на соработката на повеќе области.

Претседателот на Собранието на средбата ја запозна амбасадорката Ван Калстер со моменталната состојба во државата, а двајцата соговорници изразија желба за побрзо враќање на опозицијата во Собранието, стои во соопштението.

На средбата било истакнато дека постои желба за интензивирање на парламентарната соработка помеѓу Република Македонија и Кралството Белгија, за што и двете страни ќе дадат свој придонес.

„На средбата било разговарано прашањето за евроинтеграцијата на Република Македонија како нејзина приоритетна цел, за која била искажана поддршка од страна на амбасадорката. Двајцата соговорници ја истакнале добрата економска соработка меѓу Македонија и Белгија и притоа ја наведоа белгиската компанија „Ван хол“ како потврда за истото.