Македонија Ведро и студено време со температура до 15 степени

Ведро и студено време со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево, ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Највисоката температура ќе се движи од 10 до 15 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, дневната температура ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Утринава шест степени под нулата се измерени во Тетово, Демир Капија и Битола, минус четири во Куманово, Скопје и Струмица, минус три во Лазарополе, Прилеп, Штип и Дебар.